Што е катаракта?
Заматување на очната леќа кое води кон намалена видна острина — видови и причини.

Катарактата е заболување предизвикано од заматување на леќата на окото, што доведува до намалена видна острина. Кај нас е позната и како „старечко перде“.
Видови катаракта
- Сенилна (старечка) — најчеста, поврзана со процесот на стареење
- Конгенитална — присутна при раѓање
- Секундарна — предизвикана од други заболувања како дијабетес
- Трауматска — последица на повреда на окото
