Дијагноза и третман на катаракта
Како се дијагностицира катарактата и зошто повеќе не треба да се чека таа да „созрее“.

Катарактата се дијагностицира со комплетен очен преглед. Се проверува видната острина, се мери очниот притисок и се ставаат капки за ширење на зениците за да се одреди типот на катарактата и состојбата на останатите делови на окото.
Доколку е потребно, се прават и дополнителни испитувања кои му помагаат на хирургот прецизно да ја испланира интервенцијата и да ја одбере соодветната вештачка леќа.
Третман
Кога видот повеќе не се подобрува со очила, се препорачува оперативен зафат. Операцијата е еднодневна процедура под локална анестезија, при што природната леќа се отстранува со фако-метода и се заменува со вештачка леќа.
Митот дека катарактата мора да „созрее“ пред операција одамна е надминат. Со современите методи, порана интервенција е побезбедна, побрза и со подобар визуелен резултат.
